„Мечиња за дечиња“ – уметничката акција на Маја Танева

„Мечиња за дечиња“ е насловот на уметничката акција на уметницата Маја Танева што вчера
беше изведена во трговскиот центар „Бисер“ во скопската населба „Аеродром“. Акцијата е
посветена на борбата за заштита на личните податоци и заштитата на постарите генерации од
лажни вести.


– Секојдневно сè повеќе наши граѓани се жртви на злоупотреба на нивните лични податоци. Во
полесните случаи, последиците од злоупотребата, односно кражбата на личните податоци, се
сведуваат на пренатрупаност со мејл, вибер, СМС и слични пораки на електронските уреди, но во
посериозните случаи, граѓаните, за жал, остануваат со празни банкарски сметки, исплаќаат разни
претплати за кои никогаш не се согласиле, а во екстремни случаи, поради злоупотреба на нивните
податоци, враќаат брзи кредити што не ги земале. Исто така, неретки се и случаите кога се
злоупотребуваат податоци и фотографии од деца, кои нивните родители, а многу често баби и
дедовци, ги објавиле на социјалните мрежи.
Едукативната инсталација е наменета за млади на возраст од 14 до 22 години и возрасните над 60
години, односно бабите и дедовците кои се одговорни за чување на своите внуци.
Инсталацијата се состои од два чадора за плажа и еден централно поставен постамент на кој се
наоѓаат информации поврзани со заштитата на децата на интернет. Композицијата е наместена
разиграно, повисоко-пониско. Чадори обложени со светкави завеси, наменети за забави, во
најразлични светли и весели бои. На секој од рабовите на чадорите висат мечиња (рециклирани),
завиткани во целофан со декоративна машна, надополнети со бонбони завиткани во проѕирен
целофан.


Во замислен радиус од три метри, каде што е поставена инсталацијата со забавните чадори, се
наоѓа просторот чија цел да привлече и поттикне публиката да се доближи. Со секое
приближување кон овој простор се започнува разговор со старателите или младите и возрасните,
при што им се претставува „договорот“. Потоа, од нив се бара потпис за согласност за интеракција
со инсталацијата и темата. Самата идеја за претставување на „договорот“ има за цел да ги наведе
посетителите на размислување – на што, всушност, се согласуваат кога самите објавуваат
фотографии од своите деца на интернет и кои сѐ опасности се кријат зад таквите објави. Преку
чинот на претставување и давање на „договорот“, авторката всушност ги предупредува
родителите за сите опасности кои произлегуваат од нивните објави.
Со барањето за потпишување на договорот, посетителите добиваат можност да се доближат, да се
фотографираат или да добијат на подарок некое од мечињата, со што се поттикнува дискусија за
заштита на личните податоци, кои се опасностите од постојаното објавување информации и
фотографии од најмалите на интернет, споделувањето на нивниот идентитет и лик и сите
опасности кои произлегуваат од најновите алатки на вештачката интелигенција. Особено ранлива
група се малите деца кои се доверени на чување на своите баби и дедовци, кои, неретко,
несвесно ги кршат правата на децата со јавно објавување нивни фотографии на социјалните
мрежи во различни контексти.
Акцијата е дел од проектот „Лажни вести – предупредувајќи ги сограѓаните“ поддржан од
Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk