до сите уметници, ликовни критичари и куратори, да поднесат предлог проекти/изложби кои ќе бидат реализирани до крај на месец октомври 2025 год.
во
Мобилна / Монтажна галерија (локација: Парк на франкофонија)
Краен рок за пријавување: 10 април 2025 год.
Центарот за современи уметности – Скопје овозможува Финансиска поддршка на уметничката продукција во Мобилната / Монтажна галерија како простор за слободно изразување и делување на уметниците, креативните групи, активистите, цивилниот сектор и креативните граѓански идеи.
Повикот кој го објавува Центарот се однесува на изложби/проекти на визуелни уметници со финансиската поддршка во бруто износ до 35,000.00 ден.
- Проектите можат да бидат самостојни, групни или мултимедијални проекти на уметници/куратори/уметнички групи кои ќе бидат целосно реализирани до крај на месец октомври 2025.
- Први самостојни изложби на млади уметници (дипломски/магистерски дела нема да бидат прифатени)
- Не постојат ограничувања во изборот на медиумот на авторите.
- Оние проекти кои што нема да бидат поддржани и доколку комисијата смета дека е потребно, а авторите прифаќаат, истите можат да бидат просторно и логистичко/технички поддржани и имплементирани во Галеријата.
- Пристигнатите проекти ќе бидат селектирани од страна на жири комисија на Центарот.
- Пријавата за овој повик можете да ја симнете од веб страната: www.cac.org.mk
Напомена: Доколку изложбата/ проектот е финасиски поддржан од Министерство за култура и туризам на РСМ за 2025 г. истиот нема да биде финасиски поддржан од страна на ЦСУ – Скопје
Пријавата со дополнителни визуелни материјали за проектот и биографија, поднесете ги на e-mail: scca@scca.org.mk
Доколку Ви се потребни дополнителни информации можете да ги добиете во канцеларијата на
Центарот од 8.00 – 16,00 ч.: Бул. Гоце Делчев, ДТЦ Мавровка Ламела А 1/10, 1000 Скопје или на
тел: 02 3 133 541
Спроведувањето на проектот Изложби во „Мобилна / Mонтажна галерија“ на Центарот за современи уметности Скопје е финансики поддржан од Министерстви за култура и туризам на РСМ и Општина Центар.