Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје објавува

ПОВИК

за поддршка на Локални иницијативи кои ќе се реализираат во првата половина на 2026 година, наменети за заедници низ цела Р.С Македонија, со посебен акцент на села и населени места помали од 15.000 жители.

Повикот е отворен за: Неформални групи, Месни заедници, Невладини организации, Локални уметници, Граѓански иницијативи (активни и неактивни), Формални и неформални локални друштва

Под поимот локални иницијативи се подразбираат културни, развојни и проблемски ориентирани иницијативи од било кој дел на Северна Македонија кои имаат за цел да го охрабрат граѓанското учество, самоорганизацијата и креирање различни настани, акции или програми на ниво на заедници. Локалните иницијативи треба да придонесат за внатрешен развој, препознавање и презентирање на потенцијалите на заедниците и едновремено да ги охрабрат и поттикнат граѓаните да работат на унапредувањето на заедницата, нејзината видливост, препознатливост, можности за развој на културата и граѓанско учество на локално ниво.

Што се поддржува?

Културни, развојни и проблемски ориентирани иницијативи кои:

  • го поттикнуваат граѓанското учество и самоорганизацијата,
  • создаваат локални настани, акции или програми,
  • ги препознаваат и активираат потенцијалите на заедниците,
  • придонесуваат кон видливост, препознатливост и одржлив локален развој.

Избраните иницијативи мора да бидат целосно реализирани најдоцна до август 2026 година.

Финансиска поддршка: ЦСУ – Скопје, финасиски ќе поддржи најмалку 2 (две) локални иницијативи, со износ до 50.000 денари по иницијатива.
ЦСУ обезбедува логистичка, стручна и техничка поддршка и ги покрива трошоците за реализација. Подносителите се охрабруваат да обезбедат дополнителни материјални и нематеријални средства и од други извори .
Рок за аплицирање: 28.02.2026. Пријавата е достапн на: www.cac.org.mk, целосно пополнета пријава испратете ја на маил: scca@scca.org.mk

За повеќе информации: 📧 scca@scca.org.mk, nikola@scca.org.mk, 📞 02 3 133 541 / 070 270 064

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk