ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ИНИЦИЈАТИВИ
Овој повик се однесува на поддршка на различни Локални иницијативи кои би се спроведувале на ниво на заедници во 2026/27 година.
Под поимот локални иницијативи се подразбираат културни, развојни и проблемски ориентирани иницијативи од било кој дел на Северна Македонија кои имаат за цел да го охрабрат граѓанското учество, самоорганизацијата и креирање различни настани, акции или програми на ниво на заедници.
Локалните иницијативи треба да имаат за цел да овозможат на креативните индивидуалци и групи, локалните НВО-а, уметниците, културните дејци, граѓанските иницијативи, групите граѓани како и сите останати кои делуваат на полето на развојот на заедницата и или културата на локално ниво (со акцент на селата и местата под 15 000 жители), да започнат имплементација на иницијативи кои ќе придонесат за внатрешен развој, препознавање и презентирање на потенцијалите на нивните заедници. Локалните иницијативи едновремено треба да ги охрабрат и поттикнат граѓаните со заеднички труд на повеќе членови на заедницата да работат на унапредувањето на заедницата, нејзината видливост, препознатливост, можности за развој на културата и да ги препознаат сопствените потенцијали, ресурси и можности за јакнење на заедницата и граѓанско учество на локално ниво. Иницијативите избрани и одобрени на овој повик мора да да бидат целосно реализирани (заврешени) најдоцна до Март 2027
Крајниот рок за поднесување барања за овој циклус е 17 Октомври 2026. Право на учество/имплементација на локални иницијативи имаат: Неформални групи, месни заедници, невладини организации, локални уметници од сите струки, активни и неактивни граѓански иницијативи, како и локални (формални и неформални) друштва кои активно работат на унапредувањето на одредени сектори во рамките на заедниците.
Финасирање на локални иницијативи:
Во рамките на овој повик Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје, ќе поддржи најмалку 3 (три) локални иницијативи со максимален износ до 50.000 ден., невклучувајќи ги тука логистичката, стручната и техничката помош на иницијативата која е предвидена за време на имплементација. Иницијативите од овој повик мораат да бидат целосно завршени до 01.03.2027година
Плаќањето на трошоците ќе биде директно од страна на Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје. Локалните чинители исто така се охрабруваат да изнајдат материјални и нематеријални средства и од други извори.
Пријавата може да ја најдете на следниот линк www.cac.org.mk.
Пријавата се поднесува на следниот емаил: scca@scca.org.mk.
За подетални информации контактирајте не на scca@scca.org.mk, тел. 02 3 133 541, 070 270 064
.

Оваа активност е поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Содржината на овој повик е одговорност на Центарот за современи уметности – Скопје и не мора нужно да ги одразува ставовите на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд













