Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје објавува
ПОВИК
до сите уметници, ликовни критичари и куратори за поднесување предлог-проекти/изложби што ќе бидат
реализирани до крајот на октомври 2026 година, во
Мобилната / Монтажна галерија
(локација: Парк на Франкофонија)
Краен рок за пријавување: 10 април 2026 година
Центарот за современи уметности – Скопје овозможува финансиска поддршка за уметничка продукција во Мобилната / Монтажна галерија, како простор за слободно изразување и делување на уметници, креативни групи, активисти, граѓански организации и креативни граѓански иницијативи.
Повикот се однесува на изложби/проекти на визуелни уметници, со финансиска поддршка во бруто-износ до
35.000,00 денари.
- Проектите можат да бидат самостојни, групни или мултимедијални, предложени од уметници, куратори или уметнички групи, и треба да бидат целосно реализирани до крајот на октомври 2026 година.
- Први самостојни изложби на млади уметници (дипломски и магистерски трудови нема да бидат прифатени).
- Нема ограничувања во изборот на медиум.
- Проектите што нема да бидат финансиски поддржани, доколку комисијата смета дека е соодветно и авторите се согласни, можат да добијат просторна и логистичко-техничка поддршка за реализација во Галеријата (без надомест).
- Пристигнатите проекти ќе бидат селектирани од жири-комисија на Центарот.
- Пријавата за овој повик може да се преземе од веб-страницата: www.cac.org.mk
Напомена: Доколку изложбата/проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на
РСМ за 2026 година, истиот нема да биде дополнително финансиски поддржан од ЦСУ – Скопје.
Пријавата, заедно со дополнителни визуелни материјали за проектот и кратка биографија, доставете ја на e-mail:
scca@scca.org.mk; anita@scca.org.mk
За дополнителни информации можете да се обратите во канцеларијата на Центарот (од 11:00 до 14:00 часот) на
адреса: ул. Михаил Цоков бр. 1а, 1000 Скопје; или на телефон: 078 346 804













