до сите уметници, ликовни критичари и куратори, да поднесат

предлог проекти/изложби кои ќе бидат реализирани во период мај – октомври 2023 год.

во

Мобилна / Монтажна галерија (локација: Парк на франкофонија)

Краен рок за пријавување: 25 април 2023 год.

Центарот за современи уметности – Скопје овозможува Финансиска поддршка на уметничката продукција во Мобилната / Монтажна галерија како простор за слободно изразување и делување на уметниците, креативните групи, активистите, цивилниот сектор и креативните граѓански идеи.

Повикот кој го објавува Центарот се однесува на 4 проекти со финансиската поддршка во износ до 30,000.00 ден.

  • Проектите можат да бидат самостојни, групни или мултимедијални проекти на уметници/куратори/уметнички групи кои ќе бидат целосно реализирани во период:

мај – октомври 2023 год. во соработка со Центарот за современи уметности – Скопје.

  • Не постојат ограничувања во изборот на медиумот, или пак во старосната граница на авторите.
  • Оние проекти кои што нема да бидат поддржани и доколку комисијата смета дека е потребно, а авторите прифаќаат, истите можат да бидат просторно и логистичко/технички поддржани и имплементирани во Галеријата.
  • Пристигнатите проекти ќе бидат селектирани од страна на жири комисија на Центарот.
  • Пријавата за овој повик можете да ја симнете од веб страната: www.cac.org.mk

Пријавата со дополнителни визуелни материјали за проектот и биографија, поднесете ги на e-mail: scca@scca.org.mk

anita@scca.org.mk

Доколку Ви се потребни дополнителни информации можете да ги добиете во канцеларијата на

Центарот од 8.00 – 16,00 ч.: Бул. Гоце Делчев, ДТЦ Мавровка Ламела А 1/10, 1000 Скопје или на

тел: 02 3 133 541

Спроведувањето на проектот Изложби во „Мобилна / Mонтажна галерија“ на Центарот за современи уметности Скопје е поддржан од Министерстви за култура на РСМ и Општина Центар.

Share this article:
you may also like
Montage Gallery

Contemporary Arts Center - Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10
1000 Skopje, Macedonia 

Tel./fax: +389 2 3133-541
e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik
Director
anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev
Project manager
nikola@scca.org.mk