Поубава природа за секое дете!

Локална иницијатива во с.Камењане, Општина Боговиње Период на реализација: Јуни/Јули 2022 Центарот за современи уметности -Скопје ја реализираше заедно со Младински совет од Боговиње Едукативни работилници за млади, за промените кои се направени на места каде што предходно биле дивни депонии а сега се рекреативни центри, во близина на водопадите во Камењане, Општина Боговиње. На […]

Уметничко креативна урбана акција: „Среќна Нова Година Скопје“

29, 30 и 31 декември 2021 „Среќна Нова Година Скопје“ – предновогодишна уметничко креативна урбана акција, за граѓаните на Скопје која имаше за цел да им го долови новогодишниот дух и новогодишната магија и да ги изненади и израдува ранливите категории деца на улица со новогодишни пакетчиња и слични подароци. Новогодишно украсената „Лада нива“, се […]

Дијарама и уредување на просторот околу старата болница во с.Ростуше

Старата болница во Ростуше иако е објект од исклучително значење, локален споменик на културата и објект со емотивна важност за локалното население долго време е оставен на забот на времето и се наоѓа во очајна состојба. Кровот е урнат пред 10-тина години а околината на болницата (дворот) беше целосно запуштен, зараснат и претворен во ѓубриште. […]

Распеани дојранчанi, 2021

По долгогодишна односно повеќе децениска пауза локалниот музички ансамбл составен од хор и оркестар Распеани Дојранчани повторно е возобновен во рамките на локалната иницијатива: Возобновување на Распеани дојранчани. Овој состав кој во минатото бил надалеку познат по своите музички квалитети и негувањето на изворната и автентична музика од македонскиот југ полека но сигурно се враќа […]

Најстарите насади на Јужни култури во Валандово,

Документарно видео, 14,00 мин. Идејата на ова документарно видео е да се забележи и да се сочува за наредните генерации сеќавањето за почетоците на одгледувањето на медитеранските и јужните овошни култури кои на просторите на поранешна Југославија и Македонија влегле токму преку Валандово. Всушност влезот на јужните култури во дваесетите години на минатиот век не […]

Локална Иницијатива Партизански споменик – Споменик на паднатите борци , Виница

Во изминатиот период Центарот за соверемени уметности Скопје во соработка со Извидничкиот одред Армонија од Виница и локалниот Младински велосипедски клуб од Виница зеднички работеа на уредување и рехабилитацијата на просторот на спомен облежје на загинатите партизани во месноста Вршидол, во близина на Виница на ограноците на планината Плачковица. Идејата на оваа Локална иницијатива е […]

Локална иницијатива: видео посветено на Заборавеното културно наследство на Мавровo и Река

Територијата на Маврово и Река располага со голем број знаменитости,а исто така и со голем број на културни споменици кои за жал се запоставени од страна на институциите и подзаборавени од локалното население и посетителите. Најголем дел од нив се во лоша состојба иако некои се впишани како културно наследство но секако скоро сите (освен […]

Патокази и информативни табли за СКОПСКИ АКВАДУКТ

Локалната иницијатива за поставување на патокази и информативни табли за пристап до скопскиот Аквадукт, произлезе како барање од граѓани коишто сакале да го посетат ова скопско културно наследство, но поради непостоечки патни информации, иако е во градското подрачје тешко можеле да стигнат до него. Скопскиот аквадукт претставува импозанто здание но за жал иако е споменик […]

Патокази и Информативна табла за црквата Св. Ѓорѓија, Курбиново и Информативна табла за Преспанскиот регион

Локалната иницијатива е реализирана од страна на тимот на Центарот за современи уметности Скопје и локалните партнери: МЗ Курбиново, Младинско здружение за алтернативен туризам Повик – Битола/Ресен и општина Ресен. Финасиски поддржано од Министерство за култура за 2020, интердисциплинарни проекти. Преспа / Курбиново Свиен во пазувите на Пелистер и Галичица Преспанскиот регион претставува ризница на природното […]

Локалната иницијатива: (видео) КАЛИНКА, посветено на сите производители и одгледувачи на калинки.

Видеото е снимано 226 дена во Овоштарникот на Даниел Марџиев во атарот на с. Пирава, Валандово Калинка (Punica Granatum) Калинката со векови е симбол на плодноста и изобилието, она што порано биле митови за нејзината благотворност денеска го потврдува современата наука. Античкиот  симбол на плодноста и изобилието денеска е симбол на здравата храна и лековитост […]